Добивате:
• Ноќевање за едно лице со вклучен појадок и вечера.
• Бесплатно користење на фитнес центарот.
• Бесплатен интернетБесплатен паркинг.
• Ски гардероба.
• Сите канцелариски и фотокопирни услуги.
• Туристичката такса,туристичкото осигурување и ДДВ е вклучено во цената.
• Одлична можност за релаксирање и уживање во снежниот и прекрасен Боровец.
Појаснување:
• Процедурата за купување на ваучерот е следнава:
1. Пред да го купите ваучерот, потребно е да се јавите во хотелот +359-7503-2460 и +359-7503-2260 или на e-mail: hotelsvetigeorgi@abv.bg за да резервирате соба.
2. По потврдната информација дека има слободна соба во рок од 24 часа го купувате ваучерот.
3. Единствениот код од ваучерот го испраќате на е-mail на хотелот како доказ дека сте платиле. При check-in во хотелот потребно е да го прикажете ваучерот испечатен со единствениот код кој претходно сте гo испратиле на e-mail на хотелот.
Центар на Боровец
тел:+359-7503-2460
+359-7503-2260
+359-887-749-076
mail:
hotelsvetigeorgi@abv.bg
facebook
st.georgi-borovets.com
• Потребна е претходна резервација на тел.: +359-7503-2460, +359-7503-2260, +359-887-749-076 или на е-mail: hotelsvetigeorgi@abv.bg
• По информацијата дека има слободна соба во хотелот потребно е најкасно во рок од 24 часа да го купите ваучерот и да го испратите на е-mail како потврда на резервацијата.
Хотел „Sveti Georgi 4*“ Боровец
Хотел "Sveti Georgi 4" се наоѓа во центарот на планинското одморалиште Боровец во Рила планина. Современата зграда на хотелот е опколена од вековна борова шума, оддалечена од бучавата, во непосредна близина на ски-патеките и ски-лифтовите.
Апартманите и собите се заклучуваат со магнетна карта, имаат купатило, тоалет, туш кабина, када, телевизор со сателитски програми, радио, телефон, интернет линија, мини бар, собна услуга.
Хотелот нуди: лифт, ресторан со 80 места во затворен простор и 60 места на отворена тераса, ноќен бар, лоби бар со 50 места, бизнис - центар со интернет линија, сала за бизнис состаноци со 50 места, VIP услуга, коктел услуга, информации и размена на валута, чување на вредности, перална и хемиско чистење, фитнес сала, сауна, џакузи, масажа, ски - гардероба и ски-школа, коњи за јавање, подземна гаража и отворен безбеден паркинг.
Боровец е најстарото зимско одморалиште во Бугарија, постои уште од 1898 год, кое се наоѓа во северниот дел на Рила планина, со надморска височина од 1150 до 1350 метри. Боровец е тивок, заштитен од ветрот, со просечна годишна влажност на воздухот околу - 80%. Најстуден месец е јануари, а најтопол - јули. Речиси сите зими во Боровец се долги ( повеќе од 75 дена со негативни температури ) и снежни. Во Боровец за еден час во белите дробови ќе Ви преминат 240 литри воздух и повеќе,а Вие за еден час ќе добиете по 6 - 9 литри кислород повеќе.