Добивате:
• Едно ноќевање за едно лице во современо опремени апартмани, на атрактивна локација, веднаш до жичарницата.
• Бесплатен интернет, кабелска, греење на струја.
• Бесплатен паркинг.
• Бесплатна СКИ гардероба.
• Комплетно опремена кујна.
• 20 метри од жичарата.
• Идеален активен зимски одмор на благите падини за скијање на „Станич“.
Појаснување:
• За искористување на попустот потребно е да се оствари минимум 2 ноќевања од страна на 2 лица, односно да се купат 4 купони.
• Еден купон важи за едно ноќевање во апартман каде можат да се сместат до четири лица.
• Потребна е претходна резервација пред купување на купонот на тел.076 408 909 и 070 364 515 .
• Доколку сакате да престојувате повеќе денови, потребно е да купите повеќе купони.
• Процедурата за купување на купонот е следнава:
1. Пред да го купите купонот, потребно е да се јавите на тел: 070 364 515 и 076 408 909 или на e-mail: contact@vinceapartmani.com.mk за да резервирате.
2. По потврдната информација дека има слободна соба во рок од 24 часа го купувате купонот.
3. Единствениот код од купонот го испраќате на е-mail како доказ дека сте платиле. Потребно е да го прикажете купонот испечатен со единствениот код кој претходно сте им гo испратиле на e-mail.
• Потребна е претходна резервација.
• Доколку купонот не го искористите до датата означена на истиот, купонот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат.
• Процедурата за купување на купонот е следнава:
1. Пред да го купите купонот, потребно е да се јавите на тел: 070 364
515 и 076 408 909 или на e-mail: contact@vinceapartmani.com.mk за да
резервирате.
2. По потврдната информација дека има слободна соба во рок од 24 часа го купувате купонот.
3. Единствениот код од купонот го испраќате на е-mail како доказ дека
сте платиле. Потребно е да го прикажете купонот испечатен со
единствениот код кој претходно сте им гo испратиле на e-mail.
Апартмани „ВИНЦЕ“ Крушево
Повеке од 35 годишна традиција на гостопримство и семеен туризам. Ориентирани се кон удобноста на гостите, обезбедувајќи топло добредојде, удобно сместување и релаксирана атмосфера. Стојат на располагање за сите потребни информации во врска со историјата и културата на градот и регионот, интересните културно-историски и религиозни споменици и другите атрактивни локации за посета.
Современо опремени апартмани, на атрактивна локација, веднаш до жичарницата , на пешачка оддалеченост од центарот на градот. Повеке од 35 годишна традиција на гостопримство и семеен туризам. Искористете ја предноста на сместување со сите удобности на домашната атмосфера. Имаат три апартмани.
Апартманот 1 е на почеток на спратот за издавање. Содржи една соба за спиење, со еден дупли и единечен кревет. Располага со посебна кујна со трпезариска маса, купатило и два влеза. Опремен е со ЛЦД ТВ, Интернет (wireless и со приклучок), комплетно опремена кујна, трпезариска маса, фен, балкон, поглед кон жичарата и градот. Греењето е на панели на струја.
Апартманот 2 е сместен централно на спратот за издавање. Содржи една соба за спиење, со еден дупли кревет и удобна фотелја , која може да се отвори и користи како посебен кревет. Располага со посебна кујна, купатило и мала трпезарија. Опремен е со ЛЦД ТВ, Интернет (wireless и со приклучок), комплетно опремена кујна, фен, балкон, поглед кон жичарата и градот, посебен влез. Греењето е на панели на струја.
Апартманот 3 е на крајот на спратот за издавање, отворен со прозорци кон југ и запад. Содржи една голема соба за спиење, со еден дупли и два единечни кревети. Располага со голема кујна со трпезариски дел и купатило. Опремен е со ЛЦД ТВ, Интернет (wireless и со приклучок), комплетно опремена кујна, трпезариска маса, фен, балкон, поглед кон жичарата и градот, посебен влез. Греењето е на панели на струја.
Крушево се наоѓа на падините на Бушева планина, заобиколен со густата Крушевска корија, на 1250 м надморска висина, како лепеза се простира еден од најстарите градови во Македонија. За градската историја и култура и денес сведочат типичната архитектура на градот, градбата на старите куќи, носиите и културното наследство на населението. Потеклото на градот датира од далечниот XV век, со првите влашки доселеници од Москополе.