Добивате:
• 3 ноќевањa за двајца во Guesthouse MARIA KARGA
• Незаборавен летен одмор и уживање во песочните плажи и чистото море.
Појаснување:
• Купонот може да се користи почнувајќи од 01.09.2014 до 15.10.2014.
• Сите резервации се во зависнoст од достапноста, затоа ви препорачуваме да си резервирате пред да го купите купонот.
• Пред купувањето на купонот потребно е да се информирате во хотелот за слободни соби на телефон или e-mail.
• Предрезервацијата за собата пред купување на купонот трае неколку часа.
• По добиениот потврден email на резервацијата може да си го купите купонот и да го испратите горниот код на купонот со REPLY на mailot со што ќе потврдите дека сте го извршиле плаќањето. Потоа ќе добиете ваучер од Velas Tours кој ќе го однесете при вашето пристигање во Maria Karga Guest House.
• За дете до 5 години е бесплатно.
• За дете од 6 до 12 години се доплаќа 5 EUR од ноќевање. Сумата ја доплаќате директно во хотелот.
• За трето возрасно лице се доплаќа 8 EUR од ноќевање. Сумата ја доплаќате директно во хотелот.
• По 15.10.2014 купоните не се валидни и доколку не се искористат пропаѓаат и сумата не може да биде вратена.
• Потребно е да го прикажете испечатен купонот по пристигнувањето во хотелот.
• Можете да купите повеќе купони и да ги комбинирате за повеќе ноќевања.
• Превозот не е вклучен во понудата.
• Потребна е претходна резервација на тел: +30 2310 512032 или на е-mail: info@velastours.com
• По информацијата дека има слободна соба во хотелот потребно е најкасно во рок од 24 часа да го купите ваучерот и да го испратите на е-mail како потврда на резервацијата.
Maria Karga's Guest House
Во прекрасните предели и преубавиот залив Ormos Panagias, само 7 милји од Никити и 4 километри од Aghios Nikolaos е лоцирана Maria Karga`s Guest House, комплекс од 19 високо опремени апартмани, барови, скара.
Преубавите плажи со смарагдна боја на водата имаат лесен пристап. Плажите ќе ги задоволат барањата и очекувањата на сите посетители кои сакаат романтичен или мирен одмор. Првата плажа е оддалечена само 100 метри од студијата.
Втората плажа е познатата Trani Ammouda и е погодна за фамилии со мали деца бидејќи е на само 10 мин. пешачење или пак 2 мин. со автомобил.
Третата плажа е наменета за младата популација, опремена е со барови и кафулиња, на оддалеченост од студијата на 2 километри. Во радиус од 10 километри има многу плажи кои можете да ги посетите и да уживате во нивната убавина.
Ormos Panagias го добива своето име според црквата во Panagia која датира од времето на Византиското царство. Црквата била реконструирана во 1970 година. Претходната црква била дело од 19тиот век, изградена на темелите на црква која датира од уште постар период.