Добивате:
• Возбудлива авантуристичка тура - јавање коњи на релација Вевчани - Јанков Камен - Вевчани или Вевчани - Св. Спас - Вевчани.
• Обука за јавање пред отпочнување на турата. Понудата важи за сите без разлика дали имате или немате искуство во јавање коњи.
• Целосна опрема (коњ, седло, кабаница) и водич за турата.
• Возбудливо и незаборавно несекојдневно искуство.
Појаснување:
• Можете да направите избор за тоа која релација сакате да ја јавате:
- Коњичка тура 1: Јанков Камен (излетничкото место Јанков Камен кој се на 1200 метри надморска височина) или
- Коњичка тура 2: Посета на Манастирот Св. Спас (манастирот се наоѓа на 1330 метри надморска височина и нуди прекрасен поглед кон Охридското езеро).
• Местото на состанување е Caffe Piazza во центарот на Вевчани. Поаѓање: 9:30 чaсот. Секој учесник на турата треба да биде на местото на состанување во 9.30 часот каде што ќе бидат презентирани основните техники по каубојско јавање.
• Целата тура е со времетраење од приближно 4 часа.
• Ваучерот може да се користи од 01. јуни до 31. август 2014 година секој ден од понеделник до недела.
• Задолжителна е резервација на термин два дена претходно.
• За реализација на една тура потребни се минимум двајца пријавени.
Вевчани, Македонија
Телефон за контакт:
070/ 551 - 557
www.konjickiklubsvspas.mk
info@konjickiklubsvspas.mk
Facebook
Турата се реализира со минимум двајца пријавени.
Коњички клуб „Св. Спас“ - Вевчани
Јавањето на коњ е предизвик, возбудлива авантура и искуство за паметење! Дружењето со овие племенити животни, грациозни и убави а истовремено силни и горди е вистинско уживање.
Придружете се кон коњичкиот клуб „Св. Спас“ јавајќи на коњ откријте ги убавините на Вевчанскиот крај, прекрасната живописна природа на планината Јабланица па се до излетничкото место „Јанков Камен“ на 1200 метри надморска височина и уживајте во глетката, чистиот воздух свежата вода и чудесните бои на Јабланица!
Подгответе се за едно незаборавно адреналинско уживање! Запознајте ги коњите - грациозни и убави животни!