Добивате:
• Ноќевање за едно лице со вклучен појадок.
• Бесплатно користење на надворешен базен.
• Бесплатна лежалка и чадор покрај базенот.
• Бесплатен приватен паркинг.
• Бесплатно користење на клима уред во собите.
• Туристичката такса и хотелско осигурување се вклучени во цената.
• Бесплатно користење на Wifi.
• Можност за незаборавен одмор покрај песочните плажи на Бугарија.
Појаснување:
• За искористување на попустот потребно е да се оствари минимум 1 ноќевање од страна на 2 лица.
• За период од 16.07 до 25.08 се доплаќа 248 ден. по лице на ден директно на рецепција.
• За вечера се доплаќа 372 ден. директно на рецепција.
• Процедурата за купување на ваучерот е следнава:
1. Пред да го купите ваучерот, потребно е да се јавите во хотелот: +359 2416 7258 или на e-mail: augusta@monarch.bg за да резервирате соба.
2. По потврдната информација дека има слободна соба во рок од 24 часа го купувате ваучерот.
3. Единствениот код од ваучерот го испраќате на email на хотелот како доказ дека сте платиле. При check-in во хотелот потребно е да го прикажете ваучерот испечатен со единствениот код кој претходно сте гo испратиле на e-mail на хотелот.
• За деца до 3 год. е бесплатно.
• За деца од 3 до 12 год. се плаќа 30% од цената на ваучерот директно на рецепција во хотелот.
• За трет возрасен се доплаќа 80% од цената на ваучерот директно на рецепција во хотелот.
ул: к.к. Сончев брег 8240
тел: +359 897 883 448
+359 897 883 447
augusta@monarch.bg
www.hotelaugustasunnybeach.com
Хотел „Augusta“, Сончев Брег - Бугарија
Лоциран во северниот дел на к.к. Сончев Брег , во вила зоната "Зора". Дрвената свежина и поморската клима го прават ова место уникатно, а мирот и тишината придонесуваат за целосна релаксација и пријатен одмор.
Хотелот се состои од две самостојни куќички и располага со 25 двокреветни соби и 6 апартмани , сите опремени со сателитска TV, фрижидер, клима уред, телефон и балкон. Поголем дел од просториите се со поглед на море. Во секоја соба има дополнително легло. На располагање на гостите се индивидуални сефови на рецепција, безжичен пристап до интернет , сауна, отворен базен со димензии 14/ 6 m, детски сектор на базенот, чадори и лежалки.
Ресторан " Augusta " е во национален стил, со внатрешна сала и летна бавча со скара. Мирисот на расцутените цветови и вкусна храна пренесува во удобноста на традиционалниот бугарски дом.
Во слободно време гостите можат да го комбинираат најдобриот одмор со пријатни прошетки до Несебар , марина Свети Влас, Созопол или Варна. Хотелот се наоѓа на само 200 m од плажата на комплексот. Хотел „Augusta“ нуди на своите гости бесплатен паркинг!
Сончев брег
Сончев Брег е најголемиот и најпознатиот резорт во Бугарија. Лоциран е на јужниот црноморски брег, околу 35 км од Бургас и 90 км од Варна. Климата е медитеранска со голем број сончеви денови од Мај до Октомври.
Просечната температура на воздухот во летните месеци изнесува 27 С, а на водата 24 С. Песочната плажа во должина од 9 км и ширина до 50 м ги задоволува високите еколошки стандарди и е наградена со “сино знаме” (Blue Flag).
Туристичката понуда ја сочинуваат 115 воглавно реновирани хотели, околу 80 базени, голем број ресторани, барови, ноќни клубови и дискотеки. На располагање се и бројни активности и спотртови на вода. Во близина е местото Несебар со атрактивниот стар град.