Добивате:
• Сместување во луксузен апартман на база полупансион (појадок и вечера).
• Користење на затворен базен, сауна, арома сауна, парна бања.
• 25 % попуст во СПА центарот.
• Рано сместување и подоцна напуштање на собата.
• Собна послуга.
• Перење и пеглање.
• Сопствен бесплатен паркинг.
• Рент-а-кар.
• Детски клуб.
• Сала за билијард и пикадо.
• Тури до планината со Водич.
• Луксузен одмор за целосно опуштање.
Појаснување:
• Понудата важи за месец Мај вклучувајки ги и Првомајските празници.
• Процедурата за купување на ваучерот е следнава:
1. Пред да го купите ваучерот, потребно е да се јавите во хотелот: +359 74 996 044 или на e-mail: reservations@grandroyale.bg за да резервирате соба.
2. По потврдната информација дека има слободна соба во рок од 24 часа го купувате ваучерот.
3. Единствениот код од ваучерот го испраќате на е-mail на хотелот како доказ дека сте платиле. При check-in во хотелот потребно е да го прикажете ваучерот испечатен со единствениот код кој претходно сте гo испратиле на e-mail на хотелот.
Добивате: 2 ноќевања во луксузен апартман на база полупансион, Базен со минерална вода, Арома сауна, Релакс зона, Парна бања, Сауна, Фитнес, Wi-Fi конекција, Туристичка такса, ДДВ, Луксузен одмор за целосно опуштање.
• Задолжителна е претходна резервација: +359 74 996 044 или на e-mail: reservations@grandroyale.bg
Хотел „Grand Royale Hotel & Spa“ Банско
Се наоѓа на само 250-300 метри од првата станица на жичарницата, меѓу новите згради и со одличен видик кон планината. Вкупниот изглед на комплексот претставува еден завршен архитектонски ансамбл, исполнет во традиционалниот за Банско романтичен стил, додека во исто време ги има сите карактеристики и квалитети, својствени за една 4-ѕвездена удобност и елегантна комбинација на функционалност, форми и бои. На своите гости хотелот нуди можност да уживаат широк спектар на услуги, обезбедувајќи дополнителни погодности и релаксирачки одмор.
Хотелот располага со 133 соби во различни категории, и тоа: двокреветни соби, студиа, едноспални и двоспални апартмани кои нудат комфорт и приватност на вашиот престој. Собите се со површина од 34-151 м2. На располагање во собите на хотелот се: кабловска телевизија, интернет пристап, греење, лична безбедност, телефон со директна линија и мини бар. Опис на сместувањето во двокреветна соба е: 2 редовни легла, спална, купатило со када, балкон или тераса и клима уред.
Хотелот располага со елегантен ресторан до 150 места, бар, show cook и убаво средена блок маса, каде што гостите можат да уживаат на бугарската и европска кујна. Пријатно кафе во лоби бар со пријатен камин и одделен пури-бар со билијард маси го дополнуваат уште повеќе чувството на интимност и топлина во друштво на вашите најблиски. А pool-барот ќe ве послужи со разновидни пијалоци додека уживате во Спа-центарот на хотелот.
Модерниот СПА центар е создаден за Вашите сетила. Таа располага со атрактивен ентериер, голем 20 метарски базен со детска секција, 4 масажни студиа, каде може да изберете од разновидни егзотични масажи, модерно џакузи, финска сауна, арома сауна, парна бања и голем опремен фитнес центар.